Connect with us

Други спортови

Заработуваше милиони, но поради тоа што усмрти девојка, сега работи во затвор за 2,5 евра на час

Американскиот фрагбист Хенри Рагс Трети е осуден на 10 години затвор откако во пијана состојба ја уби Тина Тинтор во Лас Вегас, а сега работи во затвор како канцелариски службеник и заработува 2,50 евра на час. Рагс се обидува максимално да го искористи своето време во затворот во Северна Невада, а освен тоа, неговата посветеност позитивно влијае на затворската казна, која може да биде намалена.

На крајот на 2012 година, Рагс бил во алкохолизирана состојба и возејќи 251 километар на час со својот спортски Шевролет удрил во Тојота управувана од 23-годишна жена возач. Од страотниот судар се запалил теренецот,  загинале и возачката Тина Тинтор од  и нејзиното куче.

Рагс побегнал со тешки повреди, како и неговата девојка која била со него во автомобилот, при што било утврдено дека има алкохол во крвта од 1,61, што е двојно повеќе од дозволеното. Во автомобилот на Рагс бил пронајден и наполнет пиштол.