Тајмаут
Застана пред автомобилот на Шакира и не се тргаше од патот, а потоа таа ги загуби нервите
Жерар Пике и Шакира пред неколку недели потврдија дека повеќе не се заедно.
Фудбалерот на Барселона и популарната пејачка беа во врска 12 години и заедно имаат два сина, но нивната романса заврши.
Пред неколку недели беше потврдено дека Пике и Шакира раскинале, а наводно тоа се случило откако дознала дека играчот на Барселона ја изневерил и таа едноставно не може да му прости.
После тоа почнаа да се случуваат разни скандали, а моментално Пике и Шакира најмногу се караат за децата, односно каде ќе живеат.
Шакира сака да се врати во Америка и да живее со своите деца во Мајами, додека Пике не сака ни да размислува за тоа и и рекол дека ќе се согласи само ако живее во Барселона со своите деца за да може редовно да ги гледа.
Сето тоа што се случуваше во изминатите недели навистина ја исцрпи познатата пејачка, а тоа го покажа пред неколку дена на улиците на Барселона.
Имено, новинарите и фоторепортерите постојано го следат секој нејзин потег, а како што пишуваат шпанските медиуми, Шакира пред неколку дена ги изгубила нервите и почнала да вика на еден од фоторепортерите кој застанал пред нејзиниот автомобил.
Наводно, со рацете гестикулирала да се оддалечи за да може да помине, а кога тој не го направила тоа почнала вербално да го навредува, што јасно покажува колку целиот скандал и го отежнал животот.
Многумина ја поддржаа Шакира бидејќи е јасно колку е тешко да се биде во центарот на вниманието и постојаното следење на фоторепортерите.