Connect with us

Ракомет

Затворената граница со Грција кочница за Еурофарм Пелистер да патува во Атина на турнир

Коронавирусот се уште ги држи затворени дел од граничните премини со нашите соседи, со други пак потребен е негативен ПЦР тест. Ова прави проблеми и во одржувањето на спортските натпревари и турнири кои беше планирано да се одржат кај нашиот јужен сосед.

Токму поради ова, битолски Еурофарм Пелистер е спречен да патува во Атина, Грција каде требаше да бидат дел од силен меѓународен турнир.

Но зелено-белите периодов ќе останат дома па ги очекуваат и неколку домашни средби, меѓу кои и тие со Вардар, Бутел, КЛ7 и вториот тим.