Ракомет
Заврши првенството за Лука Циндриќ
Во пресрет на клучниот натпревар против Германија, кој ќе се одигра денеска, селекторот на Хрватска Лино Червар, остана без еден од најдобрите ракометари на светот, Лука Циндриќ, поради нови проблеми со повреда.

Поранешниот ракометар на Вардар, никако не може да застанe на здрави нозе на овој Мундијал. Поради истите проблеми ги изостави натпреварите од првата групна фаза против Македонија и Јапонија, а во дуелот против Бразил одигра само едно полувреме.
По мечот со „кариоките“ Червар изјави дека Циндриќ не беше во можност да продолжи да игра, а хрватските медиуми повикувајќи се на сигурен извори, откриваат дека Светското првенство е завршено за најдобриот хрватски ракометар.