Connect with us

Фудбал

Заврши сезоната за дефанзивецот на Тотенхем

Фудбалерот на Тотенхем, Ерик Диер, ќе биде опериран и ќе го пропушти последниот натпревар од Премиер лигата во сезоната против Лидс Јунајтед, кој е загрозен од испаѓање, објави лондонскиот клуб, цитиран од Ројтерс.

29-годишниот дефанзивец има одиграно 42 натпревари за тимот во текот на сезоната во сите натпреварувања.

„Дефанзивецот ќе започне со рехабилитација пред да се приклучи на подготовките на Тотенхем за следната сезона“, се вели во соопштението на клубот.