Connect with us

Ракомет

Завршниот турнир во СЕХА лигата ќе се одржи во Задар

Денеска СЕХА објави дека последните натпревари од регионалното натпреварување ќе се одиграат на 3 и 5 септември 2021 година во Задар, Хрватска.

Македонија во четвртфиналето ќе има два претставници, Вардар и Еурофарм Пелистер. Еурофарм Пелистер има двомче со Мешков Брест и тој ќе се игра на 21. и на 29. август, додека Вардар ќе се сретне со ППД Загреб на 26. и 31. август.

Во Задар секако место можат да обезбедат и нашите претставници Вардар и Еурофарм Пелистер, ама за да се случи тоа тие во четвртфиналните пресметки мора да бидат подобри од ППД Загреб, односно Мешков Брест.

Останатите парови за четврфиналето се: Мотор Запорожје-Татран Прешов и Нексе-Веспрем.