Connect with us

Фудбал

Зборовите на француските репрезентативци се само сол на свежата рана на Рабиот

Адриен Рабиот се најде на резервната листа на француската репрезентација за Светското првенство, но тогаш му се јави на селекторот Дидие Дешамп и му рекол да не смета на него, бесни поради тоа што не се најде во “избраните” за Русија.

Неговата постапка предизвика многу внимание во Франција, се огласи и Француската Фудбалска Федерација, потоа Дешамп неговиот потег го карактеризира како непрофесионален, а сега се огласи и Набил Фекир.

“Мислам дека тоа не влијае на тимот на Франција. Рабиот е големо момче и тој мора да се донесува одлуки и да одговара за нив. Јас го разбирам разочарувањето, но сум убеден дека тоа што го направил нема да ги наруши нашите планови”, рече Фекир на прес-конференција.

“Повеќето, вклучувајќи ме и мене, не би го направиле тоа. Сепак тоеа е негов избор и има право да прави што сака. Ние кои сме тука одиме на Светското првенство, да направиме колку се што можеме, со цел да ја усреќиме целата нацијата”, додаде францускиот голман, Стив Манданда.