Connect with us

Фудбал

Здравјето пред се, екс македонски репрезентативец на 31 година кажа збогум на фудбалот

Фудбалерот на Славен Белупо и поранешен повремен македонски репрезентативец Музафер Ејупи одлучи да стави крај на кариерата иако има 31 година. Како што соопшти неговиот клуб на официјалната интернет страница, пренесувајќи негова изјава, причините се здравствени проблеми.

-Физички и психички сум изморен. Здравствените проблеми низ кои поминував и низ кои се уште поминувам, оставија трага кај мене. Иако, се под контрола и стабилно, тоа не е доволно на тренинзите и мечеите да бидам на ниво на кое бев порано. Давав се од себе, последните атоми, но едноставно не одеше. Здравјето е нешто што мораме најмногу да го цениме, затоа почувствував дека сега е моментот кога морам да му кажам збогом на фудбалот, изјави Ејупи.

Напаѓачот пред Славен Белупо играше во Кина, па Осијек, Турново, Шкендија, Вардар, Металург. Тој е поранешен младински репрезентативец на Македонија, а има и неколку настапи за сениорскиот состав.