Connect with us

Кошарка

Здружението на кошаркари ќе добие ново раководство

Здружението на кошаркари на Македонија утре од 15 часот во Конгресната сала на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ќе го одржи редовното Годишно собрание на кое треба да биде избрано ново раководство.

– На ова собрание ќе имаме можност да избереме нова управувачка структура, нови членови на управниот и надзорниот одбор бидејќи на дел од сегашните членови им истекува мандатот. Исто така на ова собрание ќе имаме можност да дискутираме за нови ставови и идеи околу натамошното работење на самото здружение, начините на функционирање, план и програма за идни чекори, нови активности и барања до клубовите и МКФ, како и подигнување на нивото на организација на самото здружение.

Играчите се најважната алка во кошарката и поради тоа сакаме и во иднина на еден формален и здружен начин да ја продолжиме заложбата за подобра кошаркарска Македонија. Условите во кошарката и општо во спортот кај нас се уште се на пониско ниво од посакуваното и веќе со години го искажуваме нашето незадоволство. Нашата цел е подобра и поквалитетна кошарка, задоволни и мотивирани кошаркари и полни сали. Со таа цел ќе продолжиме со низа активности за кои сме убедени дека ќе вродат со плод. Придружете ни се во сабота да се запознаете со нашата визија и да ја споделите својата визија, стои во соопштението на Здружението на кошаркарски играчи.