Ракомет
Зеленортските острови пред дисквалификација од СП 2021
Зеленортските острови се дебитанти на овој ракометен мундијал, но им се заканува дисквалификација откако оваа селекција пријави нови случаи на коронавирус.
Селекцијата на Зеленортските острови настапи со 11 ракометари во записникот на премиерниот дуел со Унгарија, а денешните резултати покажаа дека уште двајца ракометари се позитивни на корона вирусот.
Репрезентацијата на Зеленортските острови утре треба да игра портив Германија но натпреварот е под прашалник, а ако не се одигра Германија ќе го добие службено.
Сепак по се изгледа дека Зеленортските острови ќе бидат дисквалификувани од мундијалот, поради големиот број на позитивни случаи во оваа репрезентација.