Фудбал
Желбата на легендарниот тренер кој е на смртна постела ќе му се исполни, ќе биде на клупата на Ливерпул!
Свен Горан Ериксон, кој пред неколку недели објави дека боледува од рак на панкреасот, следниот март ќе го води Ливерпул во меч на легенди.
Швеѓанецот на тој начин ќе исполни еден од соништата на својот живот, да го тренира Ливерпул, како што откри при објавата за ракот, кога изјави дека има уште една година живот. Ериксон ќе седи на клупата покрај легендите на Ливерпул како Иан Раш, Џон Барнс и Џон Олдриџ, а ќе биде под негова команда со играчи како Јержи Дудек, Сандер Вестервелд, Мартин Шкртел, Фабио Аурелио, Џибрил Сисе и Рајан Бабел, меѓу другите. Тие ќе бидат објавени во наредните недели.
Натпреварот ќе биде против тимот на легендите на Ајакс Амстердам на 23 март.