Ракомет
Женската ракометна репрезентација ја пречекува Шведска
Женската ракометна репрезентација на Македонија вечерва од 19 часот против Женската ракометна репрезентација ја пречекува Шведска
Шведска ќе го одигра претпоследниот натпревар во квалификациите за пласман на Европското првенство.
И покрај двете победи во соочувањата со Фарските острови нашата селекција нема шанса за освојување на едно од првите две места кои водат во завршницата на континенталниот шампионат.
Гостинските од Шведска се фаворитки, но сепак составот предводен од селекторот Симе Симовски ќе се обиде да направи сензација и да стигне до третиот триумф во овој циклус. Последниот меч во квалификациите нашиот тим ќе го игра в недела во Ниш, а противник ни е селекцијата на Србија.
Мечот со Швеѓанките почнува во 19 часот и ќе се игра во салата на СРЦ Кале.