Connect with us

Тајмаут

Жешките фотографии од Камп Ноу предизвикаа огромно внимание кај навивачите

Руската убавица Евгенија Лвовна (27) ги почести навивачите на Барселона со жешки фотографии од стадионот „Камп Ноу“.

Додека каталонскиот тим е во САД, оваа 27-годишна манекенка и ѕвезда на Јутјуб реши да дојде во Барселона.

Секако, неизбежна беше посетата на познатиот стадион Камп Ноу. Евгенија гордо позираше во тесни хеланки и дрес на Барса и привлече големо внимание.

Само на Инстаграм ја следат 1,2 милиони луѓе. Повеќето од нив се навивачи на Барселона, клуб чиј голем фан е и таа.

Ова не е прв пат оваа атрактивна Русинка да се фотографира во дресот на каталонскиот гигант, но повеќето луѓе претпочитаат да ја гледаат без ништо на себе.

Лвовнова прави многу за популарноста, а на нејзиниот канал на Јутјуб можете да уживате во многуте вежби кои ги прикажува.