Тајмаут
Жешко е на југ: Манекенката која сака жени фотографирана во прегратките на Мбапе
Килијан Мбапе е познат како еден од најдобрите светски фудбалери во моментов и секако како прва виолина на ПСЖ, заработува огромни пари.
Мбапе има само 23 години и веќе доби многу играјќи за ПСЖ. Изминативе месеци многу се поврзуваше со Реал Мадрид, дури беше на прагот да дојде во европскиот шампион како слободен играч, а на крајот најави дека останува во Франција.
Инаку, Мбапе е многу привлечен за многу манекенки и „обични“ девојки ширум светот, но секако само неколку среќници можат да се пофалат дека барем го гушнале или го запознале во живо.
Килијан не сака многу да зборува за приватниот живот, па никој не знае со кого е моментално во врска, но судејќи по фотографиите направени во Кан, неговата љубов доаѓа од Белгија, а тоа е супермоделот Стела Максвел.
По последниот натпревар во дресот на ПСЖ оваа сезона, тој веднаш се пресели на југот на Франција и пред да започне собирот на француската репрезентација присуствуваше на елитен настан во хотелот Кап-Еден Рок во Кан.
Kylian Mbappé toujours bien accompagné à Cannes avec Stella Maxwell pic.twitter.com/Hqmap2DzrJ
— Le Meilleur du PSG (@LMDPSG) May 28, 2022
На сликите кои ги објави играчот, тој се појавува во друштво на белгиски супермодел за време на идилична вечер во која, згора на тоа, не се двоумеле да споделат неколку бакнежи во образот.
Фотографиите само ги зголемија шпекулациите, иако треба да се запомни дека Стела досега имала романтични врски со жени како Мајли Сајрус, Кристен Стјуарт или Лили-Роуз Деп.
“Искрено, никогаш не сум бил загрижен за мојата сексуалност. Едвај чекам светот да дојде до точка да не размислуваме за нечии сексуални преференции, пол. Ајде навистина да живееме, да ја прифатиме и да ја славиме индивидуалноста на луѓето”. рече Белгијката во 2020 година.
Во тоа време, Мбапе се поврзуваше со Ема Смет, со која беше виден на Паркот на Принцот, но младата девојка брзо негираше дека меѓу нив има љубовна врска, велејќи: „Не морам да се правдам за пријателите со кои се сликам“.
Мбапе не сака да го открие моменталниот статус, па медиумите можат само да шпекулираат дали започнал врска со Стела или се работи за пријателска врска.
„Многу сум посреќен во мојот приватен живот и тоа има влијание. Тоа е најважно и ми помага да играм добро“, изјави во една прилика младиот Французин.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram