Connect with us

Фудбал

Жестока навивачка пресметка по крајот на дербито во англиската Премиер лига (ВИДЕО)

Најинтересниот натпревар од последното коло од англиската Премиер лига меѓу Лестер и Вест Хем го одбележа жестока тепачка меѓу навивачите низ улиците на градот.

Лисиците го совладаа противникот со резултат 2:1, но тоа не беше доволно да го задржат статусот на Премиер лигата. Така Лестер по освојувањето на титулата во 2015 година следната сезона ќе ја помине во понизок ранг, а таквиот развој на ситуацијата влијаеше на незадоволството на навивачите.

По завршувањето на натпреварот, навивачите на двата клуба се судрија во градот, а според информациите на англиските медиуми, еден навивач се здобил со тешки повреди.

Вест Хем следната недела го очекува финалето од Конференциската лига против Фиорентина во Чешка и шанса да го освои европскиот трофеј.

 

Facebook