Жиру и Интер блиску до договор

Постои голема веројатност францускиот интернационалец Оливие Жиру во јануари да го облече дресот на Интер. Тој има договор со Челзи до јуни следната година, но сепак Антонио Конте инсистира во јануари да биде ангажиран бидејќи во нападот ги има на располагање само Лутаро Мартинез и Ромелу Лукаку, како и младиот Еспозито. Политано и Алексис Санчез се повредени.

Спортскиот директор на Интер, Бепе Марота веќе воспоставил контакти со играчот, а англиските медиуми пишуваат дека двете страни се блиску до договор.

-текстот продолжува по рекламата-