Connect with us

Други спортови

Животот не смее да запре, запален олимпискиот пламен

Без присуство на публика, само со одреден број на акредитирани медиуми, запален е олимпискиот пламен во Олимпија. Причините за ваквите мерки се ширењето на коронавирусот.

Олимписките игри би требало да се одржат од 24.јули до 9.август во Токио, но засега е неизвесно, бидејќи се поголем број на спортски собири се откажуваат.

Организаторите тврдат дека Олимписките игри ќе бидат одржани.

Палењето на олимпискиот пламен за прв пат од 1984-та година се одржаа без присуство на гледачи.