Connect with us

Фудбал

Жозе до Меси: Го носиш погрешниот дрес, оди загревај се со Роналдо

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси ги откри имињата на двајца тренери кои никогаш не го тренирале, но кон кои има голема почит. Особено изненадувачки беше мислењето кон Жозе Мурињо.

Ги почитувам сите тренери, но имам посебна почит кон Сер Алекс Фергусон и Жозе Мурињо“, изјави Меси.

„Се сеќавам дека Фергусон ме прегрна и ме бакна во чело дури и откако го победивме Манчестер Јунајтед во финалето на Лигата на шампионите. Во тоа време ми кажуваше работи кои не ги разбирав, но неговиот говор на телото ми покажа колку е голема личност“, откри Меси.

“Многу го сакам Мурињо. Ме насмеа секогаш кога се соочувам со неговите тимови. Секогаш смислува нешто за да ме насмее. Кога беше во Реал Мадрид, бевме на загревање и ми рече: ” Еј Лео, носиш погрешен дрес и на погрешна страна. Оди во соблекувалната, земи го белиот дрес и придружи му се на Роналдо на загревањето“. Сите се смееја додека ме влечеше за ракав да се загреам со играчите на Реал“, вели Меси.

„Секогаш кога играв против неговите тимови, пред Интер или Реал Мадрид, тој секогаш беше многу смешен, но и добар човек. Знаеше да ме повлече настрана и да каже нешто што другите не требаше да го слушнат“, додаде напаѓачот. .