Connect with us

Фудбал

Зидан најави кам-бек: Доста одмор, сакам да му се вратам на фудбалот

Зинедин Зидан е подготвен да му се врати на фудбалот по повеќе од една и пол година оддалеченост од спортот, откако се повлече од кормилото на Реал Мадрид во 2021 година.

Легендарниот Французин беше поврзуван со голем број клубови, отфрлајќи ги сите понуди да го наследи Дидие Дешам на клупата на француската репрезентација. Откако по Мундијалот во Катар стана јасно дека тоа нема да се случи по новиот договор кој го потпиша Дешам, Зидан е подготвен за враќање во клупскиот фудбал.

„Беше доволен одмор, сакам да му се вратам на фудбалот. Барам нов предизвик, нов проект, сакам да работам и да тренирам. Денеска имам време за многу работи, се надевам дека наскоро ќе имам посветеност и тоа ќе се промени“, изјави Зидан.

Легендарниот Французин наголемо се поврзуваше со неговиот поранешен тим Јувентус, но Зизу моментално најсериозно се поврзува со нов тренер на ПСЖ и на Челзи.

Зидан во минатото веќе имаше понуда да го преземе ПСЖ, која ја одби.