Зидан не се откажува од Погба, Ракитиќ во Јунајтед ?

До крајот на овој месец, Пол Погба ќе биде преставен како ново засилување на Реал Мадрид. Ова го пренесуваат медиумите од Шпанија откако предводникот на кралевите, Зинедин Зидан има состанок со Перез на кој било договорено дека репрезентативецот на Франција ова лето мора да го засили тимот од Мадрид.

Според последните информации, Погба ќе го чини Реал 150 милиони евра сума која ја бара Манчестер Јунајтед за да го продаде стандардниот првотимец.

Од Англија пак најавуваат дека „Ѓаволите“ се во завршна фаза со преговорите со Иван Ракитиќ од Барселона кој би требало да преставува директна замена за Погба.

1TV.mk