Фудбал
Зинедин Зидан доби понуда која секој би ја прифатил, но не тој
Зинедин Зидан е без работа речиси две години. Ја чека вистинската можност за нов тренерски ангажман, одбивајќи неверојатни понуди. Не се гледа на финансиската страна, а на прво место е спортскиот, а не „товарот“ на договорот. Легендарниот француски фудбалер и претходно се поврзуваше како можен селектор на Франција, но „триколорите“ решија да го задржат Дидие Дешам, а во исто време се поврзува и како нов тренер на ПСЖ.
Најновите вести во врска со тренерската иднина на поранешниот освојувач на Златната топка доаѓаат од Саудиска Арабија и тоа е навистина запрепастувачка бројка. Медиумите од оваа земја посочуваат дека Ал Насер на Зидан му понудил договор од 120 милиони евра за две години, односно 60 милиони по сезона.
Титуланиот специјалист би сакал работа во клуб каде што ќе се бори за најголемите цели и сака да продолжи да живее во Мадрид заради своето семејство.
Пред неколку дена Ал Насер остана без тренер по отказот на Руди Гарсија. Се зборува дека бил отстранет на инсистирање на Кристијано Роналдо.
Така малку познатиот хрватски селектор Динко Јеличиќ, кој беше назначен за привремен тренер, доби ненадејна можност да стане најпопуларниот специјалист на денешницата.
Од друга страна, некои извори тврдат дека на Зидан му е доста од одмор и 50-годишниот Французин сака да се врати на тренерската клупа, но се уште нема доволно атрактивна понуда.
Зидан заработи многу пари во кариерата како фудбалер, а потоа и како тренер, а финансиската страна не му е толку важна како спортската страна на предлогот.