Connect with us

Тајмаут

Зинедин Зидан за прв пат позираше со внуката

Познатиот француски тренер Зинедин Зидан стана дедо на 49-годишна возраст.

Неговиот син Енцо и неговата свршеница на социјалните мрежи ја објавија среќната вест и раѓањето на ќерката на која и дадоа име Сиа.

„Добре дојдовте нашата Сиа, нашата принцеза“, напиша Енцо во објавата на Инстаграм со фотографија со бебе во рацете.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Enzo Zidane (@enzo)

Така поранешниот фудбалер на Реал Мадрид за прв пат стана дедо и оваа вест многу ги израдува него и неговата сопруга.

Гордите баби и дедовци позираа со својата внука.

Многу големи поранешни и сегашни играчи му честитаа на Енцо за раѓањето на неговата ќерка и сите се согласија дека Зизу ќе биде одличен дедо, исто како што беше одличен татко, но и фудбалер и тренер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Enzo Zidane (@enzo)