Connect with us

Фудбал

Златан Ибрахимовиќ почна со тренинзи, клубот му вели остани со нас

Напаѓачот на Милан Златан Ибрахимовиќ се подготвува за продолжетокот на сезоната, но тренинра во Шведска, заедно со екипата на Хамарби.

Информацијата а објави шведскиот весник „Експресен“ кој пренесе и изјава на првиот човек на клубот Ричард вон Ихкула.

-Ибрахимовиќ се јави и праша дали може да се приклучи, вели тој.

Секако, сите во клубот би сакале тој да остане, но Ибра се уште не донел одлука што ќе прави со кариерата, но пензионирање се уште не доаѓа во предвид.

Инаку, пред извесно време Златан стана сопственик на дел од акциите во Хамарби, поради што навивачите на Малме му се налутија, бидејќи таму ги почна фудбалските чекори, па ја уништија неговата биста во овој град.