Фудбал
Златан Ибрахимовиќ се збогува од фудбалот на натпреварот против Србија
Она што се шпекулираше во медиумите изминативе денови е и официјално потврдено – Златан Ибрахимовиќ се збогува од фудбалот на натпреварот против Србија на 8 јуни. Потпретседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) Бранислав Недимовиќ пред неколку дена откри дека планот е да се одигра пријателски натпревар меѓу Србија и Шведска, каде Ибрахимовиќ ќе го одигра својот последен професионален натпревар.
Недимовиќ се надеваше дека Ибра ќе се прости во Белград, но на крајот беше договорено средбата да се одржи во Стокхолм на 8 јуни.