Златен медал на Емил Павлов во Москва

Олимпискиот стипендист на Македонскиот олимписки комитет, Емил Павлов, во финалето на WKF Премиер лигата, во Москва, го совлада турскиот каратист Ерај Самдан со резултат 3:1.

Емил Павлов ги покажа своите високи спортски квалитети и крајно мотивиран за ново докажување, успешно и со победа во финалето го заврши својот настап во Москва.

Со оваа победа Емил Павлов се доближува до А Олимписка норма за учество на ОИ ТОКИО 2020.

Резултати на Емил Павлов во Москва

Емил Павлов – Ласло Андраш (Унгарија) 4-1

Емил Павлов – Матијас Гомез (Шпанија) 6-0

Емил Павлов – Калвис Калинис (Латвија) 5-3

Емил Павлов – Даглас Бросе (Бразил) 2-0

Емил Павлов – Анџело Крешченцо (Италија) 1-0

Емил Павлов – Ерај Самдан со резултат (Турција) 3:1.