Connect with us

Фудбал

„Златен тапир“ за Паоло Малдини

Една од легендите на светскиот фудбал и спортски директор на Милан, Паоло Малдини го доби „Златниот тапир“ поради лошите резултати на „росонерите“.

Милан загуби со 1-3 на домашен терен од Фиорентина во шестото коло и останува на 16-тото место во пласманот со само 6 бода од почетокот на сезоната, а Малдини беше „награден“ со „Златен тапир“, награда кој во Италија се доделува на личностите кои на некакво начин доживеале понижување во текот на изминатата недела.

Во минатото, на „Златниот тапир“ се „радувале“ имиња како Џанлуиџи Буфон, Џанлуиџи Донарума, Даниеле Де Роси…