Тајмаут
Златни „Ајфони“ со гравирано име доби шампионската генерација на Ливерпул
Фудбалерите на Ливерпул добија позлатени телефони „ iPhone X“ во чест на освојувањето на Лигата на шампионите.
Секој од телефоните е персонализиран со печатено презиме и број на играчот. Според „Дејли мејл“ цената на еден ваков телефон е околу четири илјади евра.
Во финалето на Лигата на шампионите на почетокот на месецот, Ливерпул го победи Тотенхем со резултат 2:0.