Ракомет
„Знам дека не беше болен“ – емотивни изјави на Вујовиќ и Червар за смртта на легендарниот хрватски ракометар
Шок и неверување по веста за смртта на легендарниот југословенски и хрватски ракометар Златко Сарачевиќ. Се огласија и едни од најголемите легенди на ракометот од овие простори кои биле пријатели со него и соработувале или играле заедно.
-Не разбирам, навистина не разбирам, јас сум во целосен шок. Знам дека не беше болен. Беше пример за тренерска професија, спортски дух, олимписки победник, вели Лино Червар кој долго време соработуваше со Сарачаевиќ.
-Навистина не можам да поверувам. Едвај го преживеав заминувањето на Златко Портнер пред неколку месеци, па сега пред два дена, Џоле Балашевиќ, со кого бев голем пријател и сега Сарач. Што се случува со нас? Хорор над ужасите, шок над шоковите, изјави Вујовиќ.
Златко Сарачевиќ почина од срцев удар на 59 годишна возраст. Заедно со Вујовиќ ја кренаа титулата светски првак во 1986-та година со Југославија.