Поврзи се

Тајмаут

ЗОИ 2018: Протест против учеството на Северна Кореја на Олимпијадата

Околу 800 лица се вклучија денеска во протест против Северна Кореја во центарот на Сеул, јави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

Демонстрантите протестираа поради учеството на Северна Кореја во зимските олимписки игри во Република Кореја. Тие кинеа слики на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и севернокорејското знаме. Некои од демонстрантите држеа искинато знаме на обединетата Северна и Јужна Кореја, кое се користеше, кога спортистите на двете земји излегоа заедно на свеченото отворање на игрите, а исто така и транспаренти со слогани против претседателот Мун Џае-ин и Олимпијадата во Пјонгчанг.

Полицијата уапси демонстранти кои се обидоа да го изгорат севернокорејското знаме. Протестот се совпадна со состанок меѓу јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин и високи севернокорејски лица во Сеул.

– Има фракција која се обидува да ја претвори оваа земја во комунистичка, изјавија организаторите на протестот.

– Ако не ја запреме ќе бидеме подложени на глад или тортура до смрт под власта на Ким Џонг-ун, рекоа тие.

ФОТО

loading...

Повеќе од Тајмаут

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com