Connect with us

Тајмаут

Зошто Халанд нема девојка? Вечерва ќе си легне со три!

Ерлинг Халанд е мамка за многу љубители на фудбалот.

 

Млад, популарен, заработува огромни пари и еден од најдобрите во светот на 22 години и некој кој воодушевува од натпревар во натпревар.

 

Норвежанецот е веројатно најдобриот фудбалер на светот кој нема девојка. Својот приватен живот го држи подалеку од очите на јавноста, но се шпекулира дека срцето му е скршено од една од претходните врски.

На интернет почна да кружи неговата изјава од времето кога играше за Борусија Дортмунд за неговата поранешна девојка.

“Се пожали бидејќи немав доволно време за неа. Еднаш ме замоли да изберам меѓу неа и фудбалот. Понекогаш ми недостига”, е наводната изјава на одличниот напаѓач.

 

На денешниот дуел против Манчестер Јунајтед, Халанд стигна до својот трет хет-трик на последните три домашни натпревари, што досега не му успеа на ниту еден играч во Премиер лигата.

Токму поради оваа причина Халанд вечерва ќе спие со три „девојки“, бидејќи како што еднаш кажа, неговите девојки се топките со кои постигнува хет-трик.

 

„Спијам со топчињата со кои го постигнувам секој хет-трик. Одам во кревет и се чувствувам добро со нив. Ги гледам секој ден, тие се мои девојки“, изјави еднаш напаѓачот.

 

Инаку, на интернет може да се најде една фотографија од Халанд во женско друштво. Иако многумина мислат дека тоа е неговата девојка, тоа не е така.

Имено, станува збор за заедничка фотографија со нејзината сестра Габриел, која е среќно мажена и мајка на едно дете, но не ја крие љубовта кон својот брат.

 

Халанд очигледно е најмногу фокусиран на фудбалот, што го покажуваат неговите настапи во актуелниот дел од сезоната. На 11 натпревари постигна неверојатни 17 гола.