Други спортови
Зверев и Бублик ја решаваат титулата на турнирот во Монпеље
Во финалето на АТП 250 турнирот во Монпелје се соочуваат Александар Зверев и Александар Бублик. Решавачкиот натпревар е денеска од 15 часот.
Светскиот рекет број 3 имаше разочарувачки настап на Австралија Опен, но во последен момент прифати вајлд-карта за учество на турнирот во Франција. Зверев релативно лесно стигна до финалето на трката, губејќи само пет гема во последните два натпревари.
Солиден настап на турнирот досега има и Александар Бублик. Репрезентативецот на Казахстан ги елиминира силните ривали како Роберто Баутиста Агут и Филип Краинович.