Connect with us

Други спортови

Зверев по долга борба го елиминираше Федерер

Александар Зверев е третиот полуфиналист на турнирот од серијата „Мастерс 1000“ во Шангај. Германскиот тенисер со руско потекло по голема борба го совлада 16 години постариот Роџер Федерер со резултат 6:3, 6:7 (7:9) и 6:3.

Мечот траеше два часа и шест минути, а Зверев во финишот на вториот сет пропушти пет меч топки.

Зверев во полуфиналето го чека подобриот од дуелот Доминик Тим и Матео Беретни. Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Данил Медведев и Стефанос Циципас. Наградниот фонд на турнирот во Шангај изнесува 8,3 милиони долари, а на шампионот ќе му припаднат 1,3 милиони.