Другите пишуваат...
Зверев: Среќен сум пред заминувањето во Австралија
Александар Зверев се врати на терените по повеќе од шест месеци пауза. Германецот најпрвин учествуваше на егзибициски натпревар во Саудиска Арабија, а неколку дена подоцна со тимот на Јастребите победи на егзибициското натпреварување во Светската тениска лига во Дубаи.
Минатата сезона ја заврши во полуфиналето на Ролан Гарос кога тешко го повреди скочниот зглоб на дуелот со Рафаел Надал.
Во Дубаи беше подобар од Новак Ѓоковиќ кого го совлада со 6:3, 6:3.
„Мило ми е што освоив нешто на крајот на годината. Тешкиот период е зад мене. Не играв шест и пол месеци, па многу ми значеше успехот на натпреварувањето во Дубаи“, изјави Зверев.
Како и сите врвни тенисери, тој се врти на првиот Грен слем сезонава, кој е закажан за јануари во Мелбурн.
„Одам во Австралија многу среќен и задоволен“, вели 25-годишниот Зверев, кој нема ниту една грен слем титула во кариерата.