Connect with us

Кошарка

Ѕверот Ембид, постигна 70 поени на еден натпревар (ВИДЕО)

Центарот на Филаделфија, Џоел Ембид постигна 70 поени ноќеска на натпреварот од регуларниот дел од НБА лигата против Сан Антонио (133:123).

Дваесет и деветгодишниот Камерунец стана деветти играч во историјата на НБА со 70+ поени по натпревар. Рекордот му припаѓа на Вилт Чембрлен, кој постигнал 100 поени на еден натпревар во сезоната 1961/62.

Ембид оваа сезона одигра 32 натпревари, со просек од 36,1 поени и 11,5 скока.

Филаделфија се наоѓа на 3. место во Источната конференција на НБА-лигата со 29 победи и 13 порази.