Connect with us

Фудбал

Ѕвезда на Челзи: За Барселона оставам се

„Ќе оставам се доколку Барселона ми се јави, ваков одговор даде фудбалерот на Челзи, Педро, на прашањето дали би се вратил повторно во Барселона.

Како што вели тој, има важечки договор со Челзи до крајот на сезоната и не знае што ќе се случи во иднина, но сепак за каталонскиот тим воопшто не би се размислувал доколку дојде до таква ситуација.

Педро е практично „дете“ на Барселона. Ги поминал младинските категории, тимовите Ц и Б, а за најдобриот тим на Каталонците играше од 2008 до 2015 година. Настапи на 204 натпревари и постигна 58 голови.