Connect with us

Фудбал

Ѕвездата на Лајпциг надвор од терените 8 недели

РБ Лајпциг доживеа нов удар откако вчера со 0:2 падна од Арминија (Билефелд). Се испостави дека на натпреварот се повредил нивниот шведски плејмејкер Емил Форсберг.

Лекарскиот преглед покажува дека русокосиот здрав маж ќе биде надвор од теренот 8 недели. Клубот на својата веб-страница појасни дека се работи за повреда на мускулот што е на левата надколеница“.

Десниот бек Марсело Сарачи ќе биде ослободен од клубот. РБ Лајпциг одлучи да го раскине неговиот договор кој истекува во јуни 2023 година. Уругваецот од 1 јануари ќе биде без тим, но негов проблем е што се уште е на рехабилитација поради скршеници на вкрстените лигаменти.

Минатогодишниот вицешампион, РБ Лајпциг моментално е на 9-тото место, со 6 бода од 6-то – последниот тим што зема директна квота за европските турнири.