Фудбал
Звучи нестварно: Сер Алекс Фергусон наместил натпревар со Јувентус?!
Фудбалскиот агент Џузепе „Пино“ Паљиара е на суд, заедно со уште двајца агенти кои се обвинети дека манипулирале со играчи и тренери. Како што изјавил Паљиара на суд, ангажирал новинарка на „Телеграф“ да глуми бизнисменка и дека го подмитил славниот менаџер Сер Алекс Фергусон, на кој му дал часовник Ролекс од 30 илјади фунти да го намести мечот со Јувентус во Лигата на шампионите.
Паљиара воедно трвди дека работел со менаџери кои зимале пари од трансферите на играчите, а спомнати се Сем Алардајс и Стив Мекларен.
Во разговорот со обвинителите, агентот рекол дека во таа шема бил и Сер Алекс, и дека му плаќал да купи одреден фудбалер. Сепак, не приложил никакви докази за тоа.

Паљиара, или попознат како Пино, го вмешал и Антонио Конте, кој наводно пред извесно време му рекол: Да, ми се допаѓа играчот, ќе има ли кафе за мене, со што наводно барал мито.
Агендот воедно тврди дека има „полн ормар на скелети“, алудирајќи дека знае се за корупцијата и митото во англискиот фудбал.