Connect with us

SPORTM.mk

Англија во шок: Банер со натписот „Белите животи се важни“ над стадионот на Сити

„Контроверзен“ транспарент беше виден на натпреварот Манчестер Сити – Барнли.

Авион, кој е во сопственост на фудбалскиот клуб Барнли, леташе над „Етихад“, со транспарент на кој пишува „Белите животи се важни“ (White lives matter).

Ова ги налути сите во Англија.

Многумина Англичани се приклучија на движењето „Black lives matter“ и дадоа поддршк, па на задниот дел на дресовите, наместо презимето на играчот, го има тој натпис.

Исто така, сите клекнуваат пред почетокот на играта.

Овој потег на еден од навивачите на Барнли, кој очигледно го „украл“ авионот и го сторил сето тоа самостојно, како што пренесува англискиот печат, ќе биде санкциониран.

Барнли издаде изјава во која се вели дека ќе го казни навивачот кој го сторил тоа и ќе го суспендира доживотно од стадионот.

Откако сите клекнаа на теренот, авионот полета со контроверзна порака.