Connect with us

Ракомет

Груевски: Со ребалансот на буџетот ќе се обезбедат средства за плати во РК Пелистер (ВИДЕО)

Како што веќе Спорт М пишуваше за проблемите со кои се соочува битолскиот клуб РК Пелистер, денеска претседателот на советот на Општина Битола, Валентин Груевски најави дека на 13. Ноември со ребалансот на буџетот ќе бидат надминати сите проблеми со кои се соочува клубот. Тој замоли за разбирање и трпение од страна на играчите и клубот.

„Ние како општина сме единствени акционери на РК Пелистер, меѓу тоа последниве денови во клубот се случуваат одредени проблеми и несогласувања како помеѓу играчите така и помеѓу стручниот штаб поради не исплатени плати. Со ребалансот на буџетот кој ќе го донесеме на 13. Ноември се предвидени средства и за неисплатените две плати и за плати до крајот на годината. Сакам да испратам една порака до клубот дека се ќе биде во ред, да се има трпение и дека состојбата со РК Пелистер ќе се подобри. Ова што го наследивме е само наследство  што некој сакал да го предизвика и да направи ракометниот клуб да се распадни, но ние нема тоа да го дозволиме“ – изјави Валентин Груевски претседател на советот на Општина Битола.

Пелистер сега е прв на табелата по 5 одиграни натпревари. Битолчани имаа четири победи и само еден пораз. Неделава Пелистер дома треба да игра со Вардар јуниор, а потоа се игра градското дерби со Е.Работник на 11 или 12 ноември.