Фудбал
Јадам само супа – Гвардиола се пожали на проблеми поради лошите резултати со Манчестер Сити
На Пеп Гвардиола лошо му влијаат слабите резултати на Манчестер Сити. Поради тоа што во претходните десет натпревари оствари само една победа, вели дека не спие добро, ниту јаде добро. Како што вели, го фаќа нервоза, носи брзи одлуки, погрешни потези, кога работите почнуваат да му стануваат збунувачки.
–Дали сум нервозен и понекогаш ги губам нервите?! Да. Полошо спијам и храната не ја варам правилно. Секогаш морам да јадам нешто лесно. Само супа навечер. Но, јас сум истиот тренер од пред пет месеци, кој ја освои титулата во Премиер лигата, вели Гвардиола.