Connect with us

SPORTM.mk

Конте влезе во клупската историјата на Интер

Иако пред почетокот на сезоната навивачите на Интер не го сакаа Антонио Конте на клупата, со оглед на тоа дека е поранешен капитен и тренер на големиот ривал Јувентус, сепак по пет одиграни кола во Серие А, работите се менуваат.

Антонио Конте влезе во клупската историја на „нероаѕурите“ како прв тренер кој успеал да ги добие првите пет кола во една сезона.

Притоа Интер под палката на Конте постигна 10 голови, а прими само еден, со што ја има најдобрата одбрана во досегашниот тек од сезоната.

Синоќа со голот на Дамброзио тимот на Конте славеше против Лацио со 1:0, а претходно победи на дуелите со Милан, Удинезе, Каљари и Лече.