Фудбал
Македонија ја запиша втората победа во групата – Сонот за ЕУРО живее
Фудбалерите на Македонија ја забележаа втората победа во групата Ц од квалификациите за ЕП.
Малта беше лесен противник за селекцијата на Македонија, по втор пат беше совладана со 2-0 на гостински терен.
Елиф Елмас го отвори резултато во 5. минута, а конечниот резултат го постави Јован Манев кој во 41. стрелаше со глава за 2-0.
Имаше доста шанси за промена на резултато и во второто полувреме Алиовски погоди статива, а шутот на Миовски подоцна голманот на домаќините го одбрани. Малтажаните се заканија преку Пепе во самиот финиш, но Шишковски со крајни напори одбрани.
За одбележување е и тоа што во 76. минута Зајков беше изнесен на носилки откако заработи незгодна повреда поради која лекарскиот тим неколку минути интервенираше на теренот.
Македонија моментално се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 7 бода, исто толку имаат и Италија која е врота и Украина која е треата.
Следен меч на Македонија во квалификациите е следниот месец на 14-ти кога на Украина и гостуваме во Прага.