Фудбал
Моќниот Баерн во четвртфиналето од Лигата на шампионите
Баерн Минхен се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите победувајќи го ПСЖ со вкупни 3:0. Откако Баварците победија со 1:0 на првиот меч во Париз, на „Алијанц Арена“ победија со 2:0 со головите на Ерик Максим Чупо-Мотинг и Серж Гнабри.
ПСЖ имаше добра шанса во 25. минута, кога Меси беше сопрен од Де Лигт и Зомер, кој потоа за малку ќе им подари гол на гостите 13 минути подоцна. Почна да дрибла во сопствениот шеснаесетник и ја загуби топката, но ударот на Витиња беше сопрен од Де Лигт со одличен лизгачки старт од гол-линијата. Од друга страна, Баерн имаше само две полушанси преку Мусиала во првото полувреме.
По прилично резервирано прво полувреме, Баерн во вториот дел влезе многу порешителен и напаѓачки расположен. Во 52. минута голот на Чупо-Мотинг беше поништен поради недозволена позиција се најде Мулер, кој се обиде да ја проигра топката по ударот на Камерунецот.
Сепак, девет минути подоцна немаше спас за ПСЖ. Горецка и Мулер со заеднички сили му ја одзедоа топката на Верати на 16 метри од гостинскиот гол, а Горецка потоа додаде до Чупо-Мотинг, кој лесно од непосредна близина го погоди небранетиот дел од мрежата за 1:0.
Парижаните потоа мораа да одат на по два гола, но одбраната на Баерн целосно го затвори нападот на гостите предводен од Мбапе и Меси. Само Рамос успеа двапати да се закани по корнер.
За тоа време фудбалерите на Баерн имаа неколку добри контранапади, но во 89-та постигнаа гол за конечно да го потврдат своето поминување. Кансело извлече контранапад и со одлично додавање го пронајде Гнабри, кој со сигурна реализација ги постави конечните 2:0.