Connect with us

Тајмаут

Нејмар со нож ги дупнал гумите на автомобилот на својот соиграч

Бразилскиот фудбалер Нејмар на необичен начин реши да му се одмазди на соиграчот кој му ги врзал патиките, така што му ги дупнал автомобилските гуми. Бразилецот, кој се опоравува од повредата на вкрстените лигаменти и менискусот на левото колено, одговори на шегата на соиграчот од Ал Хилал, Ренан Лоди, но далеку порадикално од очекуваното. Нејмар мислел дека е смешно да ги пробие гумите на теренецот на Лоди со нож, а се е снимено на камера и објавено на социјалните мрежи, а видеото брзо станало вирално.

Advertisement