Фудбал
По долг период натпревар од ПМФЛ под рефлектори
Вечерва во 18.00 часот е закажано „вечното дерби“ помеѓу Вардар – Пелистер. Натпреварот се одигрува во рамките на првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и по долга пауза ќе се одигра под рефлектори.
Вардар вечерва ќе го пречека Пелистер, а навивачката група „Комити“ ќе слави роденден.
Од Вардар ги поканија сите љубители на фудбалот да дојдат на стадион и да уживаат во фудбалската игра, а информираат дека отворена за публика ќе биде само Јужната трибина.
Чкембари не го оставаат Пелистер сам во Скопје, па денеска во 14:30 со еден автобус ќе отпатуваат во Скопје.
За потсетување, Пелистер и Вардар по инцидентот во 2014 година на стадионот под Туме Кафе досега немаат одиграно натпревар со навивачи од двете екипи. На последното гостување на Вардар во Битола, стадионот под Туме Кафе немаше можност да ги прими навивачите, бидејќи стадионот има само една трибина.
Вечното дерби е закажано за 18 часот, на националтана Телеком арена.