Connect with us

Фудбал

Селекторот Милевски по добиените противници за СП: Имаме надеж!

Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски смета дека групата која Македонија ја доби за квалификациите за СП 2026, каде се најдоа Белгија, Велс, Казакхстан и Лихтенштајн, носи надеж и доколку ја задржиме енергијата и позитивниот дух од последните натпревари од Лига на нации, може да се надеваме на добри резултати.

– Извлекувањето во Цирих ни носи надеж. Добивме група со репрезентации со кои може да играме и да се надеваме на добар пласман. Белгија е голем фаворит. Една од најсилните светски селекции и ќе биде големо изненадување доколку не успее да го освои првото место во оваа конкуренција. Велс е одлична репрезентација, тим кој игра динамичен и брз фудбал. Се разбира дека влегуваат со свои пресметки за конечниот пласман во групата, но убеден сум дека можеме да се спротивставиме на вистински начин. Казахстан и Лихтенштајн можеби немаат позитивни резултати во последните квалификациски циклуси, но секој нов почеток е нова надеж и за условно, помалите репрезентации во групата, вели Милевски, цитиран од сајтот на ФФМ.

Според него, важно е да се задржи истиот пристап како на последните натпревари од Лига на нации, силно мотивирани да се влезе во квалификациите и повторно Македонија да се бори за резултат кој може да ни донесе можност за евентуален пласман на големо натпреварување.