Connect with us

Фудбал

Адвокатите излегуваат во јавноста со нови докази против Роналдо

Кетрин Мајорга го обвини Кристијано дека ја силувал и дека после тоа има психички последици кои и го промениа животот.

Роналдо сите обвиненија за силување ги отфрлил. Најави тужба поради клевета, но Кетрин не се откажува од своите наводи.

Нејзините адвокати за вечерва закажаа прес конференција во Лас Вегас на која јавно ќе ги објават новите докази против Роналдо и новите информации врзани за случајот, кои би можеле да предизвикаат нови проблеми за напаѓачот на Јувентус.

Полицијата во Лас Вегас во 2009. година примила пријава за сексуален напад. Меѓутоа, случајот набрзо е затворен, а Роналдо една година подоцна му плати 375.000 долари на Мајорга за да не излегува во јавноста со обвиненија.

Сепак, девет години подоцна таа се одлучи јавно да зборува за тоа. Случајот повторно е отворен и Португалецот ми можел да се соочи со затворска казна.