Connect with us

Фудбал

„Ако има шанса една на милион, би сакал да се обидаме“

По тешкиот пораз на „Енфилд“ (5:2), Ливерпул во среда гостува кај Реал во реванш осминафиналето на Лигата на шампионите. Ако има шанса една на милион, би сакал да се обидеме – вели Јирген Клоп пред овој меч.

„Среќни сме што сме овде. Ако има шанса една на милион, би сакал да се обидаме“, изјави Клоп на прес-конференцијата.

„Тука сме да играме против исклучително силен противник и да се обидеме да победиме. Колку и да е тешко, можеби е можно. Не е сигурно, но е можно. И тогаш ќе видиме каде ќе не однесе. Премногу го почитуваме ова натпреварување и нашите ривали за да не се радуваме на овој натпревар“, додаде Германецот.

„Сигурно не дојдовме да му кажеме на Реал – внимавајте, стигнавме. Мислам дека нема човек во оваа соба што мисли дека немаме шанса. Дури и да сум единствениот што мисли дека имаме шанса, и тоа е во ред. Јасно е дека сме комплетни аутсајдери. Реал има три гола повеќе и тоа не е нешто што го сакате за Божиќ, но ова е фудбал и ние сме тука да се обидеме. Немаме што да изгубиме, можеби тоа е подобро отколку кога можете да изгубите сè“.

„Би сакал да бидам на позицијата на Карло, доколку имам притисок да одбранам предност од три гола. Но, исто така ми е јасно дека и Карло ги предупреди своите момчиња. Можеби се беше решено пред три недели, но овој натпревар мора да се одигра и среќни сме што е така“, заклучи Клоп.

Натпреварот на Сантијаго Бернабеу започнува во 21 часот.