Connect with us

Фудбал

Алегри ги навреди директорите на Интер: Вие сте г…

Јувентус не успеа да се пласира во финалето на Купот на Италија бидејќи загуби од Интер со 1:0 во реванш полуфиналниот натпревар.

Првиот меч меѓу овие два тима заврши нерешено 1:1, а сето тоа тешко му падна на Масимилијано Алегри, тренерот на Јувентус, кој направи хаос по мечот во средата.

Италијанските медиуми пишуваат дека Алегри бил бесен и дека се судрил со директорите на Интер недалеку од соблекувалните на стадионот. „Gazzetta dello Sport“ прецизира дека ги навредувал Џузепе Марота и Дарио Басин.

„Ти си отпуштен господине…, но сепак ќе завршиш шести“, извикал Алегри, а потоа наводно им рекол на своите играчи:

„Мораме да завршиме пред нив на табелата во Серија А, мора да ги спречиме да играат во Лигата на шампионите“.