Фудбал
Алегри: На Роналдо му беше потребен ВАР, разочаран сум
Тренерот на Јувентус Масимилиано Алегри беше разочаран поради црвениот картон на Кристијано Роналдо на натпреварот против Валенција, но исто така беше горд на своите фудбалери кои ги спречиа нападите на домаќинот и на крајот славеа победа од 2:0.
Јуве со десет фудбалери успеа да победи на гостувањето кај Валенсија, а новинарите највеќе ги интересираше мислењето на Алегри за црвениот картон на Роналдо.
„Можам само да кажам дека ВАР би му помогнал на судијата да донесе одлука. Да останете со десет играчи во натпревар од Лигата на шампионите поради ваков инцидент е разочарување. Поради ова ризикувавме да го загубиме натпреварот, а исто така тој че ни недостасува за наредните натпревари“, рече Алегри, па се осврна и на самиот натпревар:
„Не е лесно да се игра овде. Валенсија е многу агресивна, атмосферата е навистина добра, но моите момци играа фантастично и ги спречиа нападите на Валенсија. После црвениот картон не менував ништо. Едноставно продолживме да играме без дополнителен напаѓач. Единствена работа која можевме подобро да ја направиме е пронаоѓањето на Матуиди измеѓу линијата, па тој би испраќал топки за Манџукиќ и Алекс Сандро“.